Пандемијата убива на рати

Научна анализа на записите од повеќе од 50.000 пациенти пресметала како нивната болест ќе напредувала доколку не беше пандемијата и сиот хаос во неа. Заклучиле дека одложувањата на дијагностицирањето на ракот на кожата поради пандемијата и состојбата на здравствените капацитети довела до 100.000 изгубени животи во Европа.

Истражувачката екипа на Лондонскиот универзитетски колеџ и Универзитетот од Базел процениле дека во 2020-2021, кај околу 17% од луѓето, ракот прогресирал во повисоката фаза заради одложувања на дијагностицирањето или третманот на болеста од два, три или повеќе месеци.

Врз основа на здравствените  податоците за 50.000 пациенти од Европа и Велика Бртитанија, таквата проценка се претвора во 12.000 загубени животи во Британија и околу 100.000 на континентот.

„Алармантно е што загубивме толку животи за само една болест а ова можеби само врвот на ледениот брег на последиците од одложената дијагноза и третман поради карантините. Иако тие спасуваа животи со ублажување на бројките на самиот ковид, важно е да извлечеме и други поуки како да ги балансираме здравствените приоритети ако дојде до нова пандемија“, вели доктор Каустуб Адикари од Лондон.

Истражувачкиот тим ги проценувал и дополнителните медицински трошоци поврзани со лекувањето на ракот во подоцнежна фаза, како и поширокото економско влијание, како што е губењето на продуктивноста поради инвалидитет.

Заклучуваат дека тоа ја чинело Британија над 635 милиони фунти вкупен економски трошок а за Европа сметката изнесува 6,1 милијарди фунти.

 

19 февруари 2024 - 10:46