„Повеќе кредибилни извори изјавија дека американската разузнавачка заедница, вклучително и ЦИА, нелегално мобилизирале странски разузнавачки агенции да ги следат советниците на Трамп многу пред летото 2016.
Американските разузнавачи побарале од шпионските агенции на 'Петте очи' да ги следат соработниците на Трамп и да пренесуваат информациите што ќе ги соберат на американските колеги, тврдат извори од Постојаниот комитет за разузнавање на претставничкиот дом кои се запознаени со истрагата,“ пишуваат новинарите во текстот објавен во нивниот Сабстак, Паблик енд ракет.
„Петте очи“ е алијанса која претставува глобален разузнавачки апаратус составена од агенциите на САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Британија.
Списокот на мети за следење е направен по избор на директорот на ЦИА од времето на Обама, Џон Бренан, кој идентификува 26 соработници на Трамп кои припадниците на Петте очи треба да ги следат. Освен странците, на овие луѓе им биле накачени и американски шпиони.
„Непознати детали околу истрагата на ФБИ за кампањата на Трамп и сирови разузнавачки податоци поврзани со следењето од американската разузнавачка заедница се содржани во 25 сантиметри дебелата папка која Трамп нареди да биде декласификувана на самиот крај од неговиот мандат.
Ако постојат тајни документи кои ги докажуваат овие обвиненија, тие потенцијално се доказ дека повеќе американски разузнавачки функционери ги прекршиле законите против шпионирање и мешање во избори,“ пишува во текстот.
Официјалната верзија до сега беше дека ФБИ ја започнува истрагата против Трамп откако добива дојава австралиски дипломат по неговиот разговор со Џорџ Пападопулос кој во тоа време работи за кампањата на Трамп.