Со санкциите осмислени од британските власти на шестмината им се забранува да патуваат во Британија, а во исто време ќе биде замрзнат и целиот нивен имот во земјата, додека министерот за надворешни работи Дејвид Камерон порача дека одговорните за бруталниот третман на Навални ќе одговараат.
За западните лидери вината за смртта на Навални паѓа на руските власти, вклучително и претседателот Путин.
Британската влада исто така побара и властите да го предадат телото на Навални на неговото семејство и да се спроведе целосна и транспарентна истрага.
Објавувајќи ги имињата на двајцата руски полковници и четворицата потполковници што се санкционирани од Британија, Би-би-си во текстот го забележува и следното:
„Нема никакви сугестии дека кој било од овие поединци воопшто планирал да патува во Британија пред да им бидат наметнати санкции.“