Речиси половина од возрасните Американци, 48% сметаат дека е делумно или многу веројатно дека Бајден ќе биде заменет како кандидат на демократите за претседател на САД, заради неговата возраст и менталното здравје.
Нешто помал број, 32% веруваат дека Трамп ќе биде сменет, најверојатно заради неговите правни проблеми.
Како што објаснуваат американските експерти иако постојат неколку сценарија во кои би биле именувани нови кандидати, тие се или малку веројатни или до сега немаат преседан.
Кај демократите Бајден има рекордно низок рејтинг, но и понатаму огромна предност пред сите можни конкуренти од партијата или целосна поддршка од централата, што значи дека е малку веројатно да биде присилен да се повлече.
Една опција тука е Бајден сам да реши да се повлече од трката, што може да се случи во две сценарија. Прво пред партиските избори тој да објави дека нема да бара реизбор, и да направи хаос во демократската номинација за претседател. Втората можност е тој да го објави своето повлекување по добивањето на партиската номинација, по што партијата, без внатрешни избори, решава кој ќе биде нејзиниот кандидат.
Кај републиканците опцијата Трамп сам да се откаже од номинацијата е речиси невозможна, една можност што постои за негова смена е тој да изгуби значителен број на партиски гласови ако биде прогласен за виновен во некој од кривичните постапки што се тераат против него. Во анкета од јануари, 53% од републиканските гласачи во неодредените сојузни држави изјавиле дека нема да гласаат за Трамп ако е осуден.
Овој план го компликува и тоа што Трамп, кој е обвинет за 91 дело во 4 кривични случаи, успеа судењата да ги одложи за после изборите.