Зделката ја објави египетскиот премиер Мустафа Мадбули, според кого првите 15 милијарди треба да бидат префрлени во текот на неделава, а останатите 20 за два месеца.
Се работи за една од највредните крајбрежни локации што ги има Египет, а критиката во земјата е дека таму треба да градат египетски инвеститори, не странци.
Според договорот, египетската држава задржува 35% од профитот на проектот, а останатите се во сопственост на АДКУ конзорциумот од Емиратите.
Рас ел-Хекма проектот се протега на 170 милиони метри квадратни, и ќе опфаќа населби за живеење, туристички ресорти, училишта, универзитети, индустриска зона, централна финансиска и бизнис област, меѓународно пристаниште за туристички јахти и меѓународен аеродром на југот од градот.
Како дел од проектот се планира и раселување на локалното население.
Египет периодов е серозно заглавен со пари, па уплатите од Абу Даби ќе бидат искористени за покривање на трошоците на државата и поддршка во преговорите со ММФ за договор за спас на економијата во износ на 10 милијарди долари.