Забраната важи од најниски нивоа на образование, од градинка, па низ цело основно, и дел од средно / гимназија. Се работи за надополнување на постојната забрана за не-академско користење на паметни уреди која беше воведена во Италија во 2007, но „не беше секогаш спроведувана.“
Министерот Џузепе Валдитара објаснил дека одлуката е и заради образовни причини и затоа што користењето на смартфони и таблет уреди често пати предизвикува тензија меѓу учениците и учителите.
„Заштитата на образовниот кадар значи заштита на принципот на делегирање и авторитет кој е носечки столб не само на образовниот систем, туку и на демократскиот систем,“ кој по доаѓањето на власт во 2022, ја потврди својата посветеност на спроведување на забраната за користење мобилни уреди во пониските нивоа на образование.
Минатата година и УНЕСКО повика да се забранат смартфони во училниците низ цел свет бидејќи го одвлекуваат вниманието на учениците и имаат негативно влијание на образовните резултати.