Се работи за судијата Џереми Џонсон, кој исто така е и детално проверен правник кој од британските власти има дозвола за пристап до највисоки тајни информации.
Сите овие години американскиот прогон на Асанж се води во по налог на тајните служби од Вашингтон, со кои британските тајни служби имаат најблиски и длабоки односи. Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж може да добие казна затвор до 175 години.
Документите до кои доаѓа ДекласифајдУК, покажуваат дека судијата Џонсон во 2018 за своите услуги бил платен два пати од правниот оддел на британската влада во износ над 55.000 фунти.
Пред да биде судија, тој во 2007 го застапува МИ6 како набљудувач во истрагата околу смртта на принцезата Дијана и Доди ал Фајед. Во тоа време запрашани околу ангажманот на Џонсон, од министерството за надворешни работи изјавиле дека „не се сеќаваат на претходна ситуација во која МИ6 ангажирале адвокати во истрага“, но наводно тоа е направено заради „загриженост од можните откритија“ заради што Џонсон требало да седи на сослушувањата.
Џонсон го има претставувано британското министерство за одбрана во најмалку уште две прилики, од кои една е истрагата околу Ал-Сведади од 2013, во која британски војници се обвинети за измачување и убиство на ирачки затвореници во 2004.