Вести

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Речник

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

САД додаваат тактички атомски бомби во новата стратегија за Русија и Кина?

Министерството за одбрана на САД разработува нова нуклеарна стратегија за потенцијални регионални конфликти со Русија или Кина, во која се остава можност за употреба на тактичко нуклеарно оружје со пократок дострел. Целта е да му се овозможат на претседателот повеќе опции за да спречи конвенционална војна да прерасне во нуклеарна.

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

На властите во Виена порано им беше полесно: Младите што носат војнички чизми и бомбер јакни беа јасно етикетирани како екстремни десничари. Со новата мода им е потешко. Во нов обид да се политизира личниот стил, професорка по моден дизајн заклучува дека денешните екстремисти носат поло маици, а девојките ја следат модата промовирана од МАГА.

На Трамп му калемеле „руски врски“ и за отпуштањето на шефот на ФБИ

Американската федерална полиција истражувала дали претседателот Трамп дејствувал под влијание од Русија кога во 2017 година го разреши директорот на ФБИ. Операцијата била дел од пошироките обиди да се докаже улогата на Москва во победата на Трамп на претседателските избори претходната година, покажуваат новообјавени документи.

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Поддржан од најистакнатите дисиденти од движењето МАГА, кои се спротивставуваат на политиките на Трамп, Такер Карлсон претстави манифест со визии на кој начин Америка навистина треба да стане велика. Не ги коментираше шпекулациите дека ќе формира „трета партија“ и дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2028 година.

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Некои демографи предупредуваат дека сме преголем товар за планетата. Неодамна го избаждарија оптимумот на 2,5 милијарди луѓе. Нова студија го поместува прагот на одржливост на човештвото на 4 милијарди, но со постепен пад до крајот на идниот век, без никакви насилни стерилизации и политики на принуда.

Инсајдери тргувале со 9 милијарди долари на изјавите на Трамп за Иран

Техеран документирал шема на инсајдерско тргување од најмалку 9 милијарди долари, преку манипулации на пазарот на нафта поврзани со извештаите на порталот Аксиос и изјавите на претседателот Трамп. Иран ги обвинува Кушнер и Виткоф дека ги злоупотребуваат преговорите, за да го искористат пристапот до информации за тргувања на финансиските пазари.

Палантир го крие ќарот во Европа за да не плаќа даноци

Компанијата на Питер Карп и Алекс Тил, озлогласена поради производството на системи за надзор, го пријавува речиси целиот свој профит во САД, иако голем дел од приходите ги остварува во Европа, што овозможува значително намалување на даночните обврски. Палантир пријавува профит од 47,7 центи на секој 1 долар приход во САД, а во Европа вештачки ја спушта маржата на само 3%.

Пожарите во Франција не се од климатските промени туку од пиромани

Шумските пожари што опустошија стотици илјади хектари од Шпанија до Грција им послужија на климатските активисти и медиумитекако доказ за катастрофалните последици од климатските промени. Всушност, во речиси 90% од случаите пожарите во Франција биле предизвикани од луѓе, а една третина биле намерно подметнати.

Браќата Тејт се поопасни за Трамп од Епстин

Последиците од апсењето на Ендру и Тристан Тејт би можеле да прераснат во голем проблем за Трамп, неговото семејство и политичкото движење МАГА, тврди новинарот Брајан Бјутлер. Врските на синовите на претседателот со браќата обвинети за педофилија и трговија со луѓе се многу понови и појасни отколку оние со Џефри Епстин.

Нов хируршки зафат врз фетус спасува бебиња од големи маки

Хирурзи во Тексас успеале со нов тип зафат да спасат неродено бебе на кое поради редок феномен цревата му растеле надвор од телото. Со експериментална и минимално инвазивна хирургија успеале да му ги вратат органите во абдоменот пред да се роди. Оваа аномалија денес се третира со повеќе постнатални операции и со повеќемесечен престој на интензивна нега.

Мексикански Бетмен врзува крадци по бандери

Самопрогласен борец против криминалот во мексиканската држава Халиско ги лови крадците на точаци и мотори и ги остава врзани за бандери, со натписот „крадец“ на нивните чела. Наместо да ги лови крадците, полицијата почна да го лови одмазникот, кој во заедницата доби статус на локален суперхерој. Никој не му го открил идентитетот.

Правични избори се математички невозможни

Математички анализи покажале дека ниту еден од актуелните изборни системи низ Европа не може совршено да ги усогласи локалната застапеност, пропорционалните резултати на национално ниво и парламент со фиксен број пратеници, кога бројот на партиите ќе надмине одреден праг. Државите сами избираат од кој критериум да се откажат за да обезбедат фер резултати.

Фаучи во пензија го дуплирал богатството

Пред пандемијата на ковид, Ентони Фаучи пријавил богатство од 7,6 милиони долари, што не е невообичаено за истакнат доктор и професор. Но, дури тогаш почнал да се богати. До крајот на пандемијата за три години ги дуплирал милионите, а откако заминал од јавна служба заработил уште 12,5 милиони долари од отпремнината и пензијата, но и од предавања, говори и награди.

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Фондот Situational Awareness на вундеркиндот Леополд Ашенбренер за помалку од три недели премина од годишна добивка од 439% во принудна ликвидација. Загубите од 45 милијарди долари се предупредување за секој инвеститор за ризиците од вложување во недокажаниот потенцијал на вештачката интелигенција без да се почитуваат основите на пазарот.

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Немуслиманските полицајци од англискиот регион Западен Мидлендс добија препорака да постат за време на Рамазан како чин на солидарност со муслиманите Целта на иницијативата е полицајците да го разберат значењето на верскиот празник, а во втор план е како ќе ги извршуваат обврските што се очекуваат од нив – да ги одржуваат редот и мирот.

Украина: Олигархиjа или демократија?

Протестите во Киев за поддршка на разрешениот министер за одбрана се само симптом на подлабока криза во државата. Војната ја наруши структурата на моќта, со последици за парламентот, судството и медиумите, па дури и за олигархиската хиерархија, како „четвртата власт“. Токму тоа сега претставува проблем за демократијата и слободата на изразување.

Каде што камерите од Flock снимаат луѓе, криминалот расте

Податоци од ФБИ потврдуваат дека не се без основа протестите на Американците, кои уриваат или ги покриваат системите за автоматски читање на регистерски таблички, кои воедно вршат масовен надзор врз граѓаните. Иако се поставени за „значително подобрување на јавната безбедност“ стапката на криминал во надгледуваните региони всушност се зголемила.

Одамна потонати бродови се важен рудник за науката

Бродовите што потонале пред 1945 година се редок извор на метал што не е контаминиран од атомските експлозии. Нивниот челик не остава сопствени траги во експериментите со радијација и затоа се користат како изолација и материјал за инструменти за денешните најчувствителни лаборатории за мерење на зрачење во бункери под карпи од 2 километри.

Европа мобилизира кози против пожари

Шумските пожари во Шпанија и Франција полека стивнаа. Вонредната состојба официјално е укината, но службите остануваат внимателни бидејќи топлотниот бран може да ги разгори жариштата. За да се спречат огнени катастрофи во иднина, се бара поддршка за одгледувањето кози, кои по природен пат го расчистуваат запаливиот терен од суви грмушки.

Сандерс го повикa Маск да поддржи данок на богатство од 5%

Берни Сандерс е убеден дека Маск не би се откажал своите стотици милијарди долари, за кои самиот вели дека нема да имаат вредност по 2036 година поради развојот на вештачката интелигенција и роботите. Сенаторот отворено го предизвика најбогатиот човек во светот да поддржи данок од 5% за најбогатите, за да покаже дека навистина го мисли тоа што го зборува.

Почнаа маките за идниот шеф на ОН

Во Советот за безбедност почна долгото и сложено гласање за идниот генерален секретар на ОН. Граѓанската кампања „Еден за 8 милијарди“, која се залага за транспарентност на процесот, открива како изборот ги корумпира кандидатите, кои не можат да победат ако зад кулисите не се пазарат со моќните земји, откажувајќи се од независноста и од спроведувањето на реформите.

Киев препродава дронови од НАТО на италијанската мафија

Три децении по крајот на војните, сè уште се шверцува оружје преку земјите од поранешна Југославија. Украина се наметнува како нов црн пазар во Европа. Оружјето што Киев го доби од членки на НАТО им се враќа на неговите сојузници преку мрежи поврзани со корумпирани функционери, но завршува кај мафијашките организации и разни други вооружени групи. 

И органските јајца станаа закана за климата

На климатските активисти прво им беа виновни кравите, затоа што испуштаат метан. Сега на удар се кокошките, и тоа само слободните, кои се хранат без пестициди и несат органски јајца. „Гардијан“ пренесува студија во која се промовираат фармите со кафези, затоа што спакуваните кокошки испуштаат помалку штетни гасови и зафаќаат помал простор.

Го ослободија Кувајт од Садам, не можат да го одбранат од Иран

Додека Вашингтон ја преиспитува оправданоста на своето големо воено присуство во Кувајт, лидерите на емиратот се принудени да избираат помеѓу лоша и уште полоша опција. Како домаќини на американските воени бази, трпат напади врз енергетски центри и не можат да продаваат нафта. Ако Американците заминат, ќе нема кој да ги брани од идна копнена инвазија.