Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Немуслиманските полицајци од англискиот регион Западен Мидлендс добија препорака да постат за време на Рамазан како чин на солидарност со муслиманите Целта на иницијативата е полицајците да го разберат значењето на верскиот празник, а во втор план е како ќе ги извршуваат обврските што се очекуваат од нив – да ги одржуваат редот и мирот.

Здружението на муслимански полицајци во Британија веќе неколку години ги повикува колегите од сите вери и средини да постат за да соберат средства во добротворни цели за време на Рамазан. Во препораката за полицијата во централниот англиски регион со 6 милиони жители, солидаризирањето со муслиманите е истакнато како најефикасна практика за промовирање инклузивност. 

Преку користење на флексибилно работно време во текот на месецот Рамазан, полицијата ги поддржува своите колеги кои постат за да имаат повеќе време со своите семејства… Сè поголем број немуслимански вработени секоја година постат како чин на солидарност со своите муслимански колеги, зацврстувајќи ја со семејно чувство културата во полицијата, пишува во препораката.

Понудата важи и за немуслимански вработени во други јавни служби. Советниците се поттикнати да размислуваат за нови начини за создавање инклузивен тим, а потоа и да ги спроведат во пракса најдобрите идеи.

Прашање на личен избор на полициските службеници и вработените е дали сакаат да учествуваат. Оваа иницијатива што се спроведува во голем број организации низ земјата. Западен Мидлендс има многу жители од муслиманска вероисповед, па затоа е важно полициските службеници и вработените да го разберат значењето на Рамазан за таа заедница, изјави портпарол на полицијата.

Во Западен Мидлендс, според официјалната статистика, живеат 570.000 муслимани, односно 9,6% од вкупното население. Концентрирани се во Бирмингем, каде што ги има 342.0000, односно 30% од популацијата на вториот според големина град во Британија.

Ник Тимоти, секретарот за правда во сенка, изјави дека охрабрувањето на вработените кои не се муслимани да постат за Рамазан е „целосно несоодветно“ и побара да биде укината Обврската за еднаквост во јавниот сектор, која обезбедува правна основа за посебен третман за одредени групи.

Поддршката на службениците од секоја вера е сосема соодветна. Охрабрувањето на персоналот да учествува во религиозни обреди не е. Полицијата постои за непристрасно спроведување на законот, а не за промовирање или олеснување на религиозните практики, додава мајорот Ендрју Фокс, виш соработник во организацијата „Хенри Џексон Сосаети“.

3 август 2026 - 09:12