Инсајдери тргувале со 9 милијарди долари на изјавите на Трамп за Иран

Техеран документирал шема на инсајдерско тргување од најмалку 9 милијарди долари, преку манипулации на пазарот на нафта поврзани со извештаите на порталот Аксиос и изјавите на претседателот Трамп. Иран ги обвинува Кушнер и Виткоф дека ги злоупотребуваат преговорите, за да го искористат пристапот до информации за тргувања на финансиските пазари.

Непромислената американско-израелска војна против Иран се покажа како ништо повеќе од крвав деловен потфат, кој на најблискиот круг соработници на Доналд Трамп им донесе профит од 9 милијарди долари преку манипулација со цените на нафтата, објавија иранските медиуми.

Сите хронолошки наведени случаи на сомнителни тргувања на пазарите се поврзани со извештаи објавени на порталот Аксиос.

  • На 23 март, биле вложени приближно 500-580 милиони долари во краткорочни акции 15 минути пред Трамп ненадејно да објави дека ги одложува нападите врз Иран. По неговата изјава, цената на нафтата нагло падна.
  • На 7 април, приближно 950-960 милиони долари биле вложени неколку часа пред Трамп да објави двонеделен прекин на огнот со Иран.
  • На 17 април, приближно 760 милиони долари во биле вложени 20 минути пред министерот за надворешни работи на Иран да го објави повторното отворање на Ормускиот теснец.
  • На 21 април, биле вложени околу 430 милиони долари 15 минути пред Трамп да го продолжи примирјето.
  • На 6 мај, речиси 920 милиони до 1,7 милијарди долари биле вложени во акции за сурова нафта приближно 70 минути пред Axios да објави дека САД и Иран се близу до „договор од 14 точки“. Цената на нафтата падна за 12% и трговците остварија профит од околу 125 милиони долари пред Иран да го нарече извештајот на Аксиос како „листа на желби на Американците“.

Играчите на берзата со голема неизвесност очекуваат дали ќе се оствари најавата од Трамп дека САД и Иран најдоцна до утре ќе постигнат нов договор за деблокирање на Ормускиот проток.

Ова е осмиот пат како Трамп најавува примирје. Според неофицијални извори, договорот предвидува 60 дена слободно преминување на комерцијалните бродови преку Ормускиот проток. Во таа временска рамка Иран и Оман ќе пропуштаат бродови покрај својот брег во двете насоки без да им наплаќаат надомест. Бродовите што пловат кон Персискиот залив ќе поминуваат од иранската страна, а оние што излегуваат ќе поминуваат покрај Оман, но во координација со Иран.

Двете земји ќе имаат рок од 30 дена да ги расчистат мините. Кога ќе ги отстранат, бродовите ќе поминуваат низ централниот дел од протокот, со коридор и услови за наплата дефинирани во траен договор од Оман и Иран.

5 август 2026 - 13:22