Леополд Ашенбренер го нарекувале „Нострадамус на ВИ“ поради предвидувањата за подемот на новата технологија сè до сингуларноста – прагот кога интелигенцијата на машините ќе ја надминат онаа на човекот.
Но, Ашенбренер не успеал да го предвиди катастрофалниот крај на неговиот сопствен инвестициски фонд. Вол стрит анализира како е можно хеџ-фонд со годишна добивка од 439% , односно добивка од 1.551% од основањето, да пропадне за три недели.
Ашенбренер дипломирал на Универзитетот Колумбија како најдобар студент на 19 години. Се приклучил на тимот Superalignment на OpenAI во 2023 година и бил отпуштен во април 2024 година поради откривање внатрешни информации, иако тој тврди дека причината било затоа што укажал на безбедносни пропусти.
Клучен за неговиот подем е јуни 2024 година, кога го објави есејот „Ситуациона свест: Деценијата што претстои“ на 165 страници, во кој тврдеше дека вештачката интелигенција ќе ги достигне перформансите на просечниот човек (AGI) до 2027 година. Есејот привлече големо внимание и Ашенбренер се обиде да ја капитализира популарноста преку хеџ-фонд со истото име.
Фирмата имаше само неколку вработени, а тој немаше никакво претходно искуство во управување со туѓи пари. Почна со околу 225 милиони долари. Меѓу првите инвеститори беа коосновачите на Stripe - Патрик и Џон Колисон, поранешниот извршен директор на GitHub - Нет Фридман, и трговската фирма Jane Street. До јуни 2026 година, фондот порасна на 45 милијарди долари.
Тогаш работите тргнаа наопаку. Ашенбренер имаше натрупано акции од компании за инфраструктура на вештачката интелигенција, како SK Hynix, CoreWeave, Nebius, Bloom Energy, Micron и SanDisk. Повеќето од овие акции паднаа за 35–47% само во текот на јули. Индексот на полупроводници падна за 28,6% од својот врв во јуни. Јужнокорејскиот индекс Kospi изгуби околу една третина од вредноста.
Фондот се обложил против софтверски компании како Adobe, очекувајќи дека инфраструктурата за ВИ ќе има подобри резултати од традиционалниот софтвер. Наместо тоа, акциите на софтверските компании пораснаа. Тоа значеше дека Ашенбренер губеше пари на двете страни од своето портфолио.
Кога цените паднаа, уследија барањата од заемодавците Goldman Sachs, JPMorgan и Bank of America, од кои фондот позајмил по околу 3 долари за секој долар сопствен капитал. Фондот не можеше доволно брзо да обезбеди готовина, па целото портфолио на јавно достапни акции му беше продаден на Citadel во една блок-трансакција.
Situational Awareness не е целосно уништен. Му остана само мал дел од јавно достапни акции (без позајмен капитал) и приватен удел во Anthropic од 10 милијарди долари. Но, инвеститорите ја научија лекцијата.
Главното прашање што произлегува од оваа епизода не е колку пари ќе заработи Citadel од трансакцијата ниту пак што ќе се случува понатаму со Situational Awareness. Вистинското прашање е како некој вложил толку многу пари, а потоа и му позајмил толку многу пари, на дете без никакво лично искуство и без никаква инфраструктура?, вели за Фајненшл тајмс брокер запознаен со трансакцијата.