Сандерс реагираше на коментарите што Маск ги даде за време на интервјуто за „Економист“ минатата недела, во кое милијардерот рече дека вештачката интелигенција и роботите ќе придонесат добрата и услугите да бидат толку изобилни што ќе ги надминат капацитетите за потрошувачка на луѓето. Економијата би можела да се соочи со дефлација наместо со инфлација, доколку производството на добра и услуги расте побрзо од паричната маса.
На прашањето како би заработувале за живот луѓето чии работни места се загрозени од ВИ, Маск одговори дека Министерството за финансии би можело едноставно да издава чекови, слично на концептот за универзален приход.
Сандерс има уште поекстремен предлог за еднократен данок од 50% на акциите на големите компании за ВИ, за да се создаде јавен фонд од 7.000 милијарди долари, со што секој Американец би добивал по 1.000 долари годишно.
Данокот од 5% на богатството на милијардерите би помогнал да се обезбеди сите Американци да имаат пристоен животен стандард. Фактот што тој не го прави тоа, ви кажува сè што треба да знаете“, додаде сенаторот.
И економистот Дарон Аџемоглу, добитник на Нобеловата награда за 2024 година, го повика Маск да го донира своето богатство во добротворни цели, доколку навистина верува дека парите повеќе нема да бидат важни.
Всушност, планирам да направам нешто во таа насока, одговори милијардерот.
Маск накратко стана првиот билионер во историјата, но неговото богатство, според „Форбс“, сега е проценето на 729,8 милијарди долари, поради падот на акциите на SpaceX.
Тој постојано се спротивставува на даноците на богатство, истакнувајќи дека платил повеќе од 10 милијарди долари данок во една година и дека во текот на својот живот на крајот ќе плати билиони данок. Минатата недела изјави дека оданочувањето само на милијардерите нема да го реши американскиот буџетски дефицит, туку тоа би се постигнало преку „драстично оданочување на сите“.
******
Види и: Трамп и Сандерс во нешто се согласија, сакаат парче од колачот на ВИ