Каде што камерите од Flock снимаат луѓе, криминалот расте

Податоци од ФБИ потврдуваат дека не се без основа протестите на Американците, кои уриваат или ги покриваат системите за автоматски читање на регистерски таблички, кои воедно вршат масовен надзор врз граѓаните. Иако се поставени за „значително подобрување на јавната безбедност“ стапката на криминал во надгледуваните региони всушност се зголемила.

Од основањето во 2017 година, компанијата Flock Safety има инсталирано 123.400 системи за автоматско читање на регистарски таблички во повеќе од 6.000 окрузи во 49 американски сојузни држави. На протестите дека овој систем за масовен надзор ја загрозува приватноста на граѓаните и носи сериозни ризици за злоупотреба од корумпирани полицајци, властите одговараат дека тоа е „оправдан компромис“, затоа што помага во борбата против криминалот.

Новите податоци од Федералната полиција потврдуваат дека користењето на податоците од Flock воопшто не го намалиле криминалот.

Атланта, Џорџија, има вградено убедливо најголем број системи за автоматско препознавање на регистарски таблички во земјата. Градот е покриен со 5.000 камери, но тоа немало речиси никакво влијание врз способноста на полицијата да реши кривичните дела. Напротив, стапките на расветлување на одредени дела, како што се убиства, грабежи и кражби од продавници всушност се намалиле во периодот помеѓу 2021 и 2025 година – време кога инсталирањето на системите ALPR во градот го достигнало својот полн замав.

Бројките се особено поразителни кога станува збор за убиствата. ФБИ известува дека стапката на расветлување на случаите изнесувала само 48% во 2025 година, што претставува пад во однос на 53,4% во 2021 година. Стапката на расветлување на случаите на силување останала непроменета од година во година, задржувајќи се на ниското ниво од 37,7%, со еден период во кој паднала на едвај 21,2%.

Откривањето на кражби на автомобили - главната улога на системот што автоматски ги снима регистарските таблички на сите возила што поминуваат, е подобрена за 1,4%, што е ниво на статистичка грешка.

Од јавноста беше побарано да прифати значително проширување на надзорот, врз основа на ветувањето дека тоа драстично ќе ја подобри безбедноста на граѓаните. Всушност, тој компромис помеѓу безбедноста и граѓанските слободи претставува еднонасочен процес, изјави Лен Филипс од граѓанската иницијатива DeFlock Atlanta.

Пред само три дена во Северна Каролина беше уапсен полициски службеник обвинет дека незаконски пристапил до податоци снимени од Flock Safety. Тоа е втор потврден случај на злоупотреба на чувствителните податоци во оваа сојузна држава само во текот на јули.

Од друга страна, зачестија приведувањата на лица што ги саботираат камерите. Во Њујорк во средата бил уапсен 25-годишен маж, кој со пила исекол бандера на која била поставена камера. Во вторникот во Калифорнија бил уапсен маж кој симнал најмалку три камери на Flock.

2 август 2026 - 10:12