90% од пожарите во Франција биле предизвикани од луѓе

Шумските пожари што опустошија стотици илјади хектари од Шпанија до Грција им послужија на климатските активисти и медиумитекако доказ за катастрофалните последици од климатеките промени. Всушност, во речиси 90% од случаите пожарите во Франција биле предизвикани од луѓе, а една третина биле намерно подметнати.

Француските власти уапсија 402 лица осомничени дека ги подметнале разорните шумски пожари - најмалку 14.000 од почетокот на сезоната. Меѓу уапсените имало и 156 малолетници. Во притвор се задржани 35 лица.

Според француското Министерство за внатрешни работи, постои сомневање дека девет од десет шумски пожари во земјата се предизвикани од луѓе, при што околу една третина од тие случаи се работи за намерно подметнување пожар.

Франција не е единствената европска земја со голем број апсења поврзани со пожарите; грчкиот весник „То Вима“ објави дека во периодот од 29 јули до 2 август биле уапсени вкупно 33 лица, од кои 91% поради криминална небрежност, а 9% поради намерно подметнување пожар.

Изречени се 22 парични казни во вкупен износ од 70.138 евра за прекршување на прописите за заштита од пожари. Поранешниот министер за климатски промени, Василис Кикилијас во 2023 година изјави дека најголемиот дел од шумските пожари таа година биле „предизвикани од човечка рака“.

Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), кој користи сателитски снимки за следење на пожарите што зафатиле 30 или повеќе хектари шума, соопшти дека во текот на оваа 
година низ Европа биле уништени 465.000 хектари во 1.433 пожари. Површината е нешто поголема во споредба со истиот период лани, кога до крајот на годината изгореа повеќе од 1 милион хектари.

Шпанија е најтешко погодена досега, со 221.493 изгорени хектари, по што следат Франција со 91.057, Италија со 70.130, Португалија со 45.614, Романија со 11.957 и Грција со 9.820 хектари, според EFFIS.

Европските влади прибегнуваат кон креативни методи за справување со подметнувачите на пожари за време на сезоната на шумски пожари. Во Италија специјализирани полициски тимови се опремени со дронови за патролирање во областите со висок ризик и откривање на лицата што намерно предизвикуваат пожари.

5 август 2026 - 08:33