Вести

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Речник

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

На „Страва“ може да ги лоцирате Бајден, Трамп, Камала, Макрон....

Новинарска истрага на францускиот весник „Ле Монд“ покажа дека тајните локации и движењата на американскиот претседател Џо Бајден, претседателските ривали Доналд Трамп и Камала Харис и други светски лидери може лесно да се следат на интернет преку фитнес апликација што ја користат нивните телохранители. Страва.

Што знае клима што се 41 милијарда долари

Светската банка е една од оние глобални финансиски гиганти кои влеваат стравопочит не само во поглед на моќта, туку и заради сериозноста со која ги решаваат светските проблеми. Но, финансиска ревизија на нивното климатско портфолио покажува доста арабаџиски однос - не е јасно каде завршиле меѓу 24 и 41 милијарда долари.

За прв пат во 87 години Фолксваген ќе затвора фабрики во Германија, и тоа три

Економските проблеми на Германија и сè повисоките трошоци за производство го натераа производителот на автомобили да планира затворање на три свои фабрики во матична Германија, со што на улица ќе останат стотици илјади вработени.

Нормално дека нема луѓе за работа, сите се инфлуенсери станати

Затвори очи и замисли 12 милиони луѓе. Сега замисли дека сите овие 12 милиони по цел ден единствена работа и кариера во животот им е само да бидат инфлуенсери по социјални мрежи. Е овие 12 милиони се само во САД.

Џорџа Мелони: Имам да те немам

Еден пакистански имам од Италија почнал на своите верски служби да станува сè поекстремен, до ниво да бара од верниците на секој начин да им се спротивстават на неверниците, да избегнуваат плаќање данок на државата и слично. Иако иманот е таму речиси 30 години, Џорџа Мелони веднаш потпишала декрет тој итно да биде протеран од Италија.     

Во Канада еутаназирале човек со „пост-вакцинален синдром“

Канаѓанец со секакви ментални проблеми помислувал на смрт за да си ги прекине маките. Во таа земја е легализирано асистирано умирање, но за болести кои се неизлечиви и безнадежни. Докторите кои решавале за неговиот случај, дале дозвола за еутаназија, заклучувајќи дека на човекот не му е добро после трите ковид вакцинации.

Луѓе што плачат на филмови, траат пократко

Доколку плачете на филмови, секојдневни ситуации ги толкувате како опасност по живот или се плашите од одбивање, тогаш имате уште една работа за која треба да се секирате - најверојатно порано ќе умрете.

ВИ чиповите на Нвидиа преку Мумбаи стигаат до Москва

Истрага на Блумберг за тоа што и како влегува во Русија, открива една по ништо забележлива индиска фармацевтска компанија која нашла начин како да испорача стотици најнови сервери во Русија и целосно да ги заобиколи глобалните санкции.

Лада прави конкурент на Ц класа

Рускиот производител на Автомобили „АвтоВАЗ“ работи на нова платформа која ќе се користи како основа за изработување на возила од висока класа кои треба да им конкурираат на модели како Ц класата на Мерцедес.

Цензурите вродија со (не)очекуван плод

Фондацијата за индивидуални права и изразување (FIRE) и Институтот NORC на Универзитетот во Чикаго спроведоа истражување на 1.022 потенцијални гласачи на претстојните претседателски избори во САД. Резултатите покажуваат дека слободата на говорот е второто најважно прашање за гласачите на овие избори, поважно од здравствената заштита, имиграцијата, криминалот и оружјето.

Вашингтон Пост нема да поддржи ниеден кандидат, тоест Камала

За Доналд Трамп се знаеше дека нема да биде поддржан од левичарскиот медиум на Џеф Безос, но интересна е нивната одлука да не застанат зад еден од претседателските кандидати, нешто што го немаат направено од 80-тите години. Претходно и Лос Анџелес Тајмс го направи истото. Мат Таиби вика дека овие два проминентни анти-Трамп медиуми се спремаат за лоши вести од изборите.

Французин стави 45 милиони долари кладба дека Трамп ќе тепа

Непознато лице кое е идентификувано само како француски државјанин преку неколку сметки ставил 45 милиони долари на сајтот за кладење Полимаркет, дека Доналд Трамп ќе биде следниот претседател на САД.

Кој пробал 4 дена работа не се враќа на 5

Во Германија заврши експериментот со работење 4 дена неделно. Експериментот траеше шест месеци и донесе одлични резултати, но и еден сериозен проблем за фирмите што учествуваа - сега не им се работи по 5 дена.

Дека е потопло, потопло е, ама дали баш од CO2?

Лани имаше голем скок на глобалните температури во „најтоплата година досега“ што беше следено и со соодветен скок во климатскиот алармизам. Меѓутоа, скорешен труд на метеоролошката служба на ЕУ, Коперник, покажува дека затоплувањето било поттикнато од силна и природно настаната осцилација, но и дека скокот не е без преседан бидејќи малку поголем скок се има случено во 1976-77 година.

Универзална основна опуштеност

Идејата зад универзалниот основен приход звучи оправдано и примамливо: без разлика дали и што работат, сите луѓе имаат право на достоинствен живот и затоа треба од државата секој месец да добиваат некои пари, за да не бидат под удар на егзистенцијалните закани. Така ќе имаат и повеќе време и тоа време ќе го искористат да бидат покреативни и попродуктивни. А сега назад кон реалноста.

ЦЕО-то на Форд вози Шаоми и не му се остава

Веќе шест месеци првиот човек на Форд, Џим Фарли, за секојдневна употреба го користи Шаоми Спид Ултра 7, првиот електричен автомобил на кинеската компанија, и не планира да го менува.

Очилата на Епл на пат да станат најбрзо укинат производ на компанијата

Епл нагло го намалил производството на Вижн про очилата и би можел целосно да престане со производство на сегашната верзија до крајот на годинава.

Човек на британскиот премиер сака да го убие Твитер

Англија, а не Русија, е онаа која може да биде обвинета за вистинско странско мешање во изборите, сумираат Мат Таиби и Пол Такер, објавувајќи докази дека главните политички мешетари околу британскиот премиер Кир Стармер, во улога на изборни советници на Камала Харис, си дале приоритет „Да се убие Твитер на Маск.“

Ќе ја наследи ли БРИКС оваа планета?

Запад не може да го спречи одењето кон мултиполарност. Колку повеќе ќе притиска и ќе продолжи со политиката на санкции во која главното средство за дисциплинирање ќе биде доларот, толку поупорно остатокот од светот ќе бара алтернатива. Но, историјата нè учи дека моќните и големите никогаш не се предавале туку така. Одиме ли кон Третиот голем русвај?

На изолирана Русија и дојде скоро половина свет

Во Русија се случува најголемиот собир на светски лидери од почетокот на инвазијата на Украина, и тоа со присуство на Ол стар екипа на лидери каква ретко кога е собрана во светот.

Пентагон ќе го полни интернетот со дип фејк лица

Командата за Специјални операции на САД бара компании кои ќе помогнат со вештачка интелигенција да се креираат непостоечки интернет личности кои ни луѓе ни компјутери нема да можат да откријат дека се лажни. Во документот на 76 страници протечен од Пентагон се вели дека овие „специјалци“ ќе се користат за најсофистицираните тајни воени операции.

Економист ја правда предноста на Трамп во нивните анкети

На две недели пред избори кандидатот на републиканците успеа да ги сврти анкетите и сега е во мала предност пред Камала за прв пат од август годинава, предност која и Економист мораше да ја признае.

Во Австралија се бара забрана за Фајзер и Модерна

Локалните власти од едно мало гратче во западна Австралија побараа итна забрана за ковид вакцините на Фајзер и Модерна, додека трае истрагата за пронајдената синтетичка ДНК во нив. Воопшто не се работи за некакви мали и безначајни количини сомнителна ДНК - тоа знае да оди и до 145 пати повеќе од регулаторните лимити.

Епл тајно му помагал на кинески БЈД да направи батерија со поголем домет

Уште од 2017 Епл се има здружено со компанијата од Шензен за да и помогне да создаде батериски систем составен од литиум железо-фосфатна батерија. Овој систем им помага на возилата на БЈД да минуваат поголема оддалеченост со едно полнење и е побезбеден отколку вообичаените батерии.