Пентагон ќе го полни интернетот со дип фејк лица

Командата за Специјални операции на САД бара компании кои ќе помогнат со вештачка интелигенција да се креираат непостоечки интернет личности кои ни луѓе ни компјутери нема да можат да откријат дека се лажни. Во документот на 76 страници протечен од Пентагон се вели дека овие „специјалци“ ќе се користат за најсофистицираните тајни воени операции.

Документот специфицира дека Командата (Joint Special Operations Command) сака да поседува способност да креира кориснички онлајн профили кои не постојат во реалниот свет а нема да можат да се препознаат како непостоечки.

Освен фотографии, ќе се бараат и уверливи видео снимки со виртуелни позадини кои нема да можат да бидат препознати од алгоритмите, како и повеќеслојни аудио профили.

На Пентагон не му е првпат да влегува во ова поле. Ројтерс имаше раскринкано кампања на Командата за специјални операции со лажни корисници на социјални медиуми, чија цел била меѓународно да се поткопа довербата во кинеската вакцина против ковид.

Документот наведува дека ваквите единици за специјални операции „ќе се користат за собирање информации од јавни форуми на интернет“, без дополнително објаснување за тоа како сè ќе се користат овие вештачки корисници на интернет.

Овој детален наод покажува дека Соединетите Држави ги следат истите технологии и техники што ги осудуваат во рацете на геополитичките непријатели. Нивните претставници за националната безбедност долго време ја опишуваат употребата на дипфејк од некоја држава како итна закана - ако тоа го прави друга земја.

Агресивното користење на оваа - во суштина измамничка технологија - од страна на Американците, само ќе ја нормализира нејзината употреба ширум светот.

22 октомври 2024 - 11:03