Во Австралија се бара забрана за Фајзер и Модерна

Локалните власти од едно мало гратче во западна Австралија побараа итна забрана за ковид вакцините на Фајзер и Модерна, додека трае истрагата за пронајдената синтетичка ДНК во нив. Воопшто не се работи за некакви мали и безначајни количини сомнителна ДНК - тоа знае да оди и до 145 пати повеќе од регулаторните лимити.

„Ние сме сериозно загрижени за потенцијалните здравствени ризици предизвикани од контаминација на вакцините со синтетичка ДНК, вклучувајќи ги и опасностите од геномска интеграција, рак, наследни дефекти и нарушување на имунолошкиот систем“, се вели во писмото на советот на Порт Хедланд.

Тие изгласале и одлука сите 537 локални совети во Австралија да ги информираат за доказите за контаминација на ДНК во вакцините и поврзаните ризици. Истото ќе го сторат и со секој  медицински работник во областа кој е овластен да дава ковид вакцини.

Еден од нив се надева дека токму нивното гласање „ќе биде бранот што ќе создаде поголем бран низ целата земја, а можеби и во светот“ за прашањето за безбедноста на ковид вакцините.

Анализата на австралиските вакцини на Модерна и Фајзер Ковид од молекуларниот вирусолог д-р Дејвид Спајчер, ги потврди сличните наоди во САД, Канада и Германија и покажа дека нивоата на синтетичка ДНК во ампулите „далеку ги надминуваат“ дозволените регулаторни ограничувања, и тоа до 145 пати.

 

 

21 октомври 2024 - 21:09