Дека е потопло, потопло е, ама дали баш од CO2?

Лани имаше голем скок на глобалните температури во „најтоплата година досега“ што беше следено и со соодветен скок во климатскиот алармизам. Меѓутоа, скорешен труд на метеоролошката служба на ЕУ, Коперник, покажува дека затоплувањето било поттикнато од силна и природно настаната осцилација, но и дека скокот не е без преседан бидејќи малку поголем скок се има случено во 1976-77 година.

Трудот на Коперник е објавен во списанието Atmospheric Chemistry and Physics и од особен интерес бидејќи прави врска помеѓу силниот Ел Нињо кој се развива низ јужната хемисфера после продолжена Ла Ниња. Ел Нињо е позитивната фаза на природната климатска варијација ENSO (El Niño-Southern Oscillation), контрата е Ла Ниња која спушта температури.

И во 2023 и во 1976 година, се случил необично силен Ел Нињо после продолжена фаза на Ла Ниња. Во 1976 година скокот на температурите бил поголем - 0,31°C во споредба со 0.29°C лани.

Трудот на Коперник е меинстрим, зад него не стојат мамбо-џамбо кругови. Климатските алармисти и онака имаа проблем да најдат доказ за да ги припишат последните скокови во температурите на една единствена причина - озлогласениот јаглерод диоксид (од кој, патем, живее сиот растителен свет).

Постојат голем број научни трудови кои се обидуваат да го разберат неодамнешниот скок на температурата, но оние кои не успеваат да го поддржат наративот дека „планетата врие“ беа игнорирани во мејнстримот, пишува Дејли Скептик.

Посочуваат на трудот на група математичари и статистичари објавен во Nature дека има „ограничени докази“ за бранот на глобалното затоплување во последните 50 години (види во: Актуелното глобално затоплување статистиката не го регистрира).

 

 

25 октомври 2024 - 08:20