Сите овие стравови се поврзуваат со невротицизам, кој опфаќа негативни емоции како страв, тага и раздразливост, кои пак придонесуваат во влошување на здравјето на мозокот и телото на човекот. Најголема поврзаност меѓу невротицизмот и траењето на животниот век имало кај мажи, помлади од 54 години и без колеџ диплома.
Бројките се од Универзитетот Флорида Стеј, кој анализира податоци (биолошки, генетски и здравствени) од 500.000 лица кои учествувале на тестови за ниво на невротицизам во периодот меѓу 2006 и 2010.
Во следните 17 години научниците ги следат учесниците и водат евиденција кој од нив е жив а кој починал. За овие 17 години умираат околу 43.400 лица од 500-те илјади испитаници. Главна причина за смрт бил ракот, а по не го следува нервниот систем, респираторниот систем и дигестивниот систем.
Оние кои починале од респираторни и дигестивни проблеми, за време на евалуацијата главно се чувствувале дека им „смачено“.
Инаку сите лица кои добиле повисоки оценки на тестовите за невротицизам пријавиле дека се чувствуваат осамени. Поврзаноста меѓу осаменоста и предвремената смрт исто така може да биде објаснета и како последица на се поголемо чувство на изолација како што човекот се приближува кон својата смрт.