Во Канада еутаназирале човек со „пост-вакцинален синдром“

Канаѓанец со секакви ментални проблеми помислувал на смрт за да си ги прекине маките. Во таа земја е легализирано асистирано умирање, но за болести кои се неизлечиви и безнадежни. Докторите кои решавале за неговиот случај, дале дозвола за еутаназија, заклучувајќи дека на човекот не му е добро после трите ковид вакцинации.

Маж од Онтарио во доцни 40-ти години со историја на ментални проблеми биле еутаназиран, откако неговите „проценувачи на смртта“ одлучиле дека најразумно објаснување за неговиот физички пад е „пост-вакцинален синдром.“

И самиот термин е контроверзен -актуелниот канадски систем за пријавување несакани последици од ковид вакцинирањето не вклучува „синдром после вакцинација“. Се покрена прашање дали неговата состојба воопшто ги исполнувала критериумите за безнадежна и неизлечива состојба.

Неговиот анонимизиран случај е еден од неколкуте во серијата извештаи на 16-члениот комитет кој прави ревизија на одлуките за еутаназија.

Идентификуван како Г. А, човекот доживеал „страдање и функционален пад“ по три вакцинирања за ковид а страдал и од депресија, посттрауматско стресно растројство, анксиозност и растројства на личноста. Во меѓувреме двапати бил приман во болница, еднаш недоброволно, со мисли за самоубиство.

Иако проценителите немале унисона дијагноза, се договориле дека најразумна дијагноза за клиничката состојба на Г.А. е „поствакцинален синдром“, следен од синдром на хроничен замор. 

Канадскиот закон за асистирано умирање бара луѓето да имаат тешка и непоправлива физичка состојба. Психијатриските експерти сега гласно се сомневаат дали менталните болести на Г.А. го правеле подобен за еутаназија.

**********
Ако имате стомак, видете го прилогот за канадската докторка која има убиено преку 400 луѓе:

Докторката со пациентите кои никогаш не се пожалиле

28 октомври 2024 - 15:27