Вести

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Речник

Филантропијата е заробена во идеологија

Филантропијата своевремено била обид на богатите Американци да се искупат пред јавноста. Карнеги давал пари за библиотеки, Рокфелер за истражувања, а Џ.П. Морган донирал слики на музеи. Денешните милијардери важат за „поскржави“. Еден од нив, кој се откажал од фондацијата на Бил Гејтс, објаснува зошто донирањето во добротворни цели всушност има негативни ефекти.

„Националната безбедност“ е омилениот чекан на Трамп

Што имаат заедничко забраната за пристап на новинари од Белата куќа, триумфалната капија во Вашингтон и Гренланд? Трамп вели дека сите се важни за националната безбедност на САД. Настојува да ги употреби овластувањата што му ги нуди широкото толкување на овој термин за да ги оправда своите потези како врховен командант, „главен архитект“ и „главен уредник“.

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Талибанците се вратија на талибанизирање

Денес, утре, денес, утре, Талибанците по цели три години од протерувањето на Американците во Авганистан, дури сега стигнаа да објават дека се враќаат старите правила во земјата. Нормално правилата главно се за жени.

Никој не сфаќа зошто Атлантскиот океан се лади

До неодамна долготрајните и рекордно високи температури на океаните и морињата повлекуваа драматични предупредувања и наслови дека е можен колапс на виталните глобални струи кои го прават трансферот на топли-ладни води и го одржуваат живиот свет и еко-системот во рамнотежа. Наспроти очекувањата дека затоплувањето ќе продолжи, температурите во Атлантикот сега паѓаат.  

Ете и тоа се смени: УВ зраците се и добри

Со децении западната наука и медицина препорачуваа да се избегнува сонце кога е јако или пак задолжително да се користат креми со заштитни филтри. Сега науката доставува доста поинаков амандман: штетните УВ зраци знаат да ги намалат шансите да се умре од рак или кардиоваскуларни болести.  Оди па биди паметен што да правиш.

Демократите успеаа да не се распаднат на конвенцијата

Силната обединетост околу Камала што демократите ја покажаа на конвенцијата успеа да ја сокрие тивката битка и тензиите со кои се бори партијата околу прашања како имиграција и Израел, пишува Аксиос.

Лукашенко да го смени дилерот

Вечниот белоруски владетел, Александар Лукашенко, при цела свест и совест порача дека Украина ќе биде многу среќна ако Русија употреби таткички нуклеарни оружја како одговор на окупацијата на Курск.

И ти можеш да се пензионираш на 45, ама не ти се јаде ориз секоја вечер

Јапонец кој сака да постигне целосна финансиска слобода (да не работи ништо, а да има пари), последниве 20 и кусур години јаде само ориз и живее во фирмата во која работи, само за да се пензионира пред 50 години.

Камала собрала 500 милиони долари во донации за еден месец

Откако објави дека се кандидира за претседател на САД, кампањата на Камала Харис успеала да собере 500 милиони долари во донации, сума што е без преседан во досегашната историја на САД.

Моќта на Сибир 2 може и да не биде

Без никакви претходни најави или препирки, Монголија, која е клучна за новиот гасовод од Русија кон Кина, одлучи да го исклучи проектот од долгогодишниот план за работа, што може да значи запирање на целиот проект.

Ризиците на украинскиот напад на Русија

Изненадниот упад на Украина во Русија успеа да освои уште понеочекувани над 1.400 километри квадратни руска територија, и Американците стравуваат дека тоа е сериозен проблем.

Русија и Украина не можат да мрднат

Ни едната, ни другата страна во војната немаат доволно луѓе, опрема и муниција за да започнат некаква поголема офанзива против другиот, е последната проценка на аналитичарите на Пентагон.

Сме имале и полоши решенија

Кандидат за градоначалник во Вајоминг ветува дека ако биде избран за прв човек на градот Шајен, ќе дозволи ЧатГПТ бот што тој го изработил да управува со тамошната локална власт.

Пакистан почна војна против глувци... во парламентот

Меѓу сите егзистенцијални проблеми со кои се справува Пакистан, пример е на раб од економски колапс и некои посебно уникатни за него, експлозија на популацијата на магариња, земјата се сврте кон чистење на својот парламент од глувци.

Во Германија сè повеќе, од криминал

И повеќе шверц со бело робје и повеќе грабежи и повеќе насилство покажуваат последните официјални германски статистики според кои криминалот во земјата општо е највисоко ниво од 2012.

Дали сега имаме доказ дека Украина го рокна Северен тек?

Кога Северен тек беше уништен во септември 2023, најблискиот советник на Зеленски, Микаило Подолјак тоа го прогласи за терористички напад испланиран од Русија и акт на агресија кон ЕУ, со цел да ја дестабилизира економската ситуација во Европа и да предизвика паника пред зимата.

Џабе стануваш директор, ако не станеш вака директор

Старбакс деновиве објави дека нашле нов ЦЕО по име Брајан Никол, кој го украдоа од ланецот на ресторани Чипотле, и тоа со понуда од 113 милиони долари, плус, до сега нечуена повластица во американскиот корпоративен свет, можност да работи од дома.

Зошто млади и кул луѓе пак фаќаат да пушат?

Од денешната млада и кревка генерација која знае беспоговорно да слуша авторитети, особено во врска со здравјето, најмалку се очекуваше да се фати за цигара. Нема место за паника, бидејќи оние кои пушеле многу повеќе од нив, создале патишта, железници, книги и филмови кои уште се користат и во кои уште се ужива. Дали пушењето можеби е првиот знак на независност на „снегулките“ од естаблишментот? 

Зошто еспресото во Италија уште е само едно евро?

Деновиве објавивме цена на еспресо во ресторан во Италија и штом го асоциравме со цените во Охрид, беше јасно дека ќе се добијат коментари од типот „Одете таму, ако не ви чини“. Еден дури тврдеше дека внесуваме раздор меѓу луѓето, хихи. Но, да видиме на што се должи ниската цена на еспресото во Италија. Главно на неколку работи: регулатива, традиција и култура. 

Наредбата беше едноставна: денес ја напаѓаме Русија

Украинците кои беа во првиот бран од инвазијата на Курск тврдат дека наишле на многу малку првичен отпор од руската армија, пишува британски Тајмс.

Секое четврто дете тргнува во школо со пелени

Учениците во почетните одделенија во просек губат по една третина од времето за учење затоа што наставниците своето време го користат за да им помогнат на децата кои не се подготвени за на училиште, пример, уште се во пелени.

Киев сака, Лондон сака, Вашингтон не дава

САД ја блокираат Украина во користењето на британските проектили со долг домет на руска територија, иако Британија пред некое време објави дека е подготвена да се согласи за истото.

Германија ќе ја преполови воената помош за Украина

Најсилната европска економија оваа година одвои осум милијарди евра за Украина. Во буџетот за наредната година планира оваа ставка да биде преполовена на четири милијарди евра. Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, објасни дека неговата земја претпочита идното финансирање на Украина да доаѓа од замрзнатите руски средства а не од федералниот буџет на Германија.

Нашата микробранова има своја заедница микроби

„Екстремофили“ се организми кои можат да преживеат, па дури и да напредуваат, во најсурови средини, вклучително во вжарените хидротермални отвори, мразот на Антарктикот и огромни притисоци на Земјината кора. Сега се откриени во многу подомаќински амбиент: микробрановите печки.

Една четвртина од оние во кома се свесни!

Најмалку една четвртина од луѓето кои имаат тешки повреди на мозокот и не можат физички да одговорат на команди се всушност свесни, обелоденува првата меѓународна студија од ваков вид. Иако овие луѓе не можат, на пример, да кренат палец за да потврдат нешто, тие постојано покажувале мозочна активност кога бивале замолени да замислат како се движат или вежбаат.

Во Газа Израел стигна до кај што можеше

Воено Израел во Газа постигна сè што можеше, а продолжувањето со бомбардирање само ја зголемува опасноста за Палестинците без речиси никакви можности за дополнително слабеење на Хамас, ја пренесува Њујорк тајмс изјавата на висок американски функционер.