Наставната програма на европските медицински факултети допрва треба да се финализира, но иницијативата – надгледувана од Европската мрежа за климатско и здравствено образование, која е составена од група од 25 медицински училишта предводени од Универзитетот во Глазгов – ќе внесе лекции за климата во наставната програма на повеќе од 10.000 студенти.
Тие, исто така, ќе имаат повеќе обуки за тоа како да препознаваат и третираат топлотен удар, додека болестите што се пренесуваат од комарци, како што се маларијата и денга треската, ќе добијат поголемо внимание во наставната програма на европските медицински училишта.
„Лекарите на иднината ќе се соочат со различен спектар симптоми и ситуации што сега не ги гледаат. Тие треба да бидат свесни за тоа за да можат да ги препознаат“, вели Д-р Камил Хусер од Универзитетот во Глазгов и копретседателка на мрежата.
Додава дека и да не создадат нови болести, климатските промени ќе ги влошуваат постоечките.
На студентите ќе им се покажува како промените во управувањето со некоја состојба можат да имаат влијание врз животната средина. На пример, со држење на астмата под контрола, инхалаторите би се користеле или пак пациентите би се префрлиле на сув прашок каде што е тоа можно.