Кај и да е, и таму ќе се удри некој полицаец во пајак

Рик Приор, претставник на англискиот полициски синдикат неодамна дал интервју во кое обелоденил дека во последно време, негови колеги сè почесто избегнуваат да се ангажираат во случаи во кои се вклучени припадниците на етничките малцинства, од страв дека би можеле да бидат етикетирани како „дискриминаторски“. Го суспендирале. Заради дискриминација.

Како активен офицер, можам да ви потврдам дека меѓу колегите доминира страв од суспензија ако некоја интервенција појде наопаку“, пишува анонимен полициски службеник.

Настрана физичките опасности, полицајците се свесни дека околу нив има активисти и „воини на тастатура“ кои едвај чекаат да дигнат телефон и да снимаат, а потоа тоа да го објават на социјални мрежи, врамено во погрешен контекст.

Тој се жали на високото полициско раководство кое прелесно ги пушта низ вода полицајците околу кои ќе се создаде некоја контроверза, без разлика на вината и контекстот. 

Рик Приор бил гласен поддржувач на ваквите полицајци чија кариера страдала ни криви криви ни должи. Во полицијата се шушка дека тоа била главна причина за неговата суспензија која ја барал извршниот директор на полициската федерација на Англија и Велс кој пак, никогаш не бил полицаец. Сеге цајканите потпишуваат петиција против него.

„Ваквиот развој на ситуацијата не треба да изненадува кога имате високи лидери во полицијата кои се целосно заробени од разбудената идеологија и везден живеат во страв да не бидат денунцирани од анонимните интернет толпи,“ пишува службеникот.

 

 

17 октомври 2024 - 13:40