При објавувањето на извештајот Котлар препорачал „запирање на вакцинирањето со МРНА вакцини се додека не се докаже дека тие се безбедни.“
Неговата процена е дека овие вакцини ја изменуваат човековата ДНК и не се доволно тестирани, заради што се и опасни. Котлар смета дека пандемијата била „акт не биолошки тероризам“.
Наводно извештајот на Котлар придонел и за отказот на министерката за здравство на Словачка, Зузана Долинкова, која неговите заклучоци ги смета за ненаучни, и критикува што тие наоѓаат поддршка во владата иако немаат поддршка во научните кругови.
Самиот словачки премиер, Роберт Фико, изјави дека отсекогаш бил против експерименталните вакцини против ковид, и побарал од Котлар да открие кој најмногу профитирал од „непотребното купување на медицински залихи и вакцини“.