Владејачките лабуристи во Велика Британија планираат да одвојат милиони фунти за дебели и невработени Британци да добијат бесплатни шотови Оземпик, глобално популарниот лек за дијабетес кој масовно се користи за симнување килограми.
Првичниот мотив на властите е дебелите да станат од кауч и да се вратат на работа, то ест да бидат корисни за државата и општеството.
Идејата за делење бесплатен Оземпик ја промовираше секретарот за здравство Вес Стритинг, а ја поддржа и премиерот Кир Стармер, убеден дека така ќе се олесни состојбата во националниот здравствен систем и истовремено ќе се зајакне економијата.
Нивниот оптимизам не го поколебува ни проценката дека годинава околу 3.000 Британци ќе имаат некои здравствени проблеми поради земање Оземпик или Вегови.
„Овој лек ќе биде многу корисен за луѓето кои сакаат да изгубат тежина, затоа што треба да изгубат тежина и тоа е многу важно за економијата и јавното здравје“, рече Стармер потсетувајќи и на третиот бенефит, растоварување на расходите во Националниот здравствен сервис во кои значајно учествуваат трошоците за третирање на разните проблеми кои ги имаат луѓето со вишок килограми.