Зеленски објаснил дека меморандумот од Будимпешта е неефикасен договор кој не успеал да ја заштити Украина откако државата се откажала од својот нуклеарен арсенал.
„Меѓу сите овие големи сили, сите нуклеарни нации, која беше таа што страдаше? Дали беа сите тие? Не, само Украина. Која се откажа од нуклеарното оружје? Дали сите тие? Само Украина. Која е денес во војна? Украина,“ изјави Зеленски.
Предлогот што тој му го дал на Трамп е или Украина да добие нуклеарно оружје и тоа да биде одбраната на земјата, или да бидат дел од некоја алијанса, „а освен НАТО не знам дека денес има некои ефикасни алијанси“.
Одговорот на Трамп бил дека резонирањето на Зеленски е фер.