Освен минусот женска популација, добар дел од ергените од рурална Кина се жалат дека изминативе 10 години драстично се пораснати цените на невестите (да, во одредени делови уште се купува сопругата) и се помалата прифатливост на традиционалниот брак.
Предлогот што доаѓа од Школата за економија на Универзитетот во Сјамен е дека кинеските мажи треба да размислат за женење невести од Русија, Камбоџа, Виетнам и Пакистан.
Критиката на предлогот е дека „увоз“ на невести е еднакво на трговија со луѓе, а други имаа побазични забелешки дека новите сограѓанки ќе имаат проблем со јазикот и разбирањето.
Од друга страна мажите се за оваа идеја (наивно) верувајќи дека странските невести имаат пониски очекувања од домашните и не бараат куќа, кола или висока цена за невестата, а во исто време се вредни и пристојни.
Еден од аргументите за увоз на невести се базира на бизнис успесите на Тесла, односно „отворањето кон меѓународни бракови е како да дозволиш Тесла да влезе на кинеските пазари. Тоа започна конкурентност, го подобри квалитетот и ги симна цените за потрошувачките.“
Во делови од Кина веќе функционираат професионални сервиси за спојување на кинеските ергени со руски невести, бидејќи Кина има вишок мажи во популацијата, а Русија има вишок жени.