Дека се работи за вистинска закана потврдува и реакцијата на Белата куќа која веднаш се согласи да ги исполни барањата на кампањата на Трамп, а самиот Бајден изјави дека „го овластил Департментот за домашна безбедност, да му даде се што ќе му биде потребно.“
Од кампањата на Трамп процениле дека на агентите на Тајната служба им е потребна помош од војската за заштита на поранешниот американски претседател.
Меѓу мерките што ги бара кампањата на Трамп е и зголемување на буџетот на локалната полиција, пристап до федерални агенти, доволно финансирање за Тајната служба да може да ги надомести трошоците на локалната полиција, привремена забрана за летови и пристап до безбедни лимузини како оние што ги користи претседателот.
Трамп сега бара и на сите негови митинзи говорницата да му биде заштитена со блиндирано стакло, кое не секогаш му било дадено на располагање.