Премиерот на Утар Прадеш, Јоги Адитјана, најави воведување на две нови уредби чија цел е борба против несанитарните пракси околу храната. Адитјана сака да го забрани плукањето во храна и слични пракси, плус да воведе задолжителна транспарентност во однос на подготовка и ракување со храната.
Активностите на властите на Утар Прадеш (држава со околу 240 милиони жители) беа испровоцирани од неколку неодамнешни инциденти во кои поединци беа уапсени за „загадување на храната со телесни течности“.
Меѓу инцидентите еден тинејџер беше снимен на видео како плука во роти леб, двајца мажи беа уапсени за уринирање во сок, а уличен продавач беше приведен заради мешање на плунка во сокот што го продава.
Адитјана по ново бара и името и адресата на работниците, сопствениците и менаџерите задолжително да биде објавена во сите ресторани и слични естаблишменти.