Публика пишува дека се работи за само 30 мигранти, главно од ромско потекло и главно неписмени кои знаат да зборуваат само турски. Дојдени се како мал дел од голема група бегалци од Украина, етнички Украинци. Сите други се спастриле, овие 30 ни-ка-ко.
Градот е полн со фрлено ѓубре од нив, масовно крадат, до рано сабајле пуштаат гласна музика на звучници. Обидите да им се забранат одредени продавници или да им се одреди полициски час пропаднале бидејќи овие мува не ги лази.
Фрустрирани од немоќта на полицијата да им ги реши проблемите, локалните жители почнале да го притискаат градскиот совет и да бараат да се вклучи и да се преземе нешто. Но, веројатно не очекувале дека нивното запомагање ќе роди вонсериски блесава идеја.
Градските советници почнале да ги охрабруваат жителите да иницираат разговор со криминалните мигранти и да ги охрабруваат да престанат да вршат кривични дела.
„Сакаме да започнеме проект со цел да ги приближиме луѓето еден до друг“, вели советникот Гервин Штокен, убеден дека добриот збор е најефикасно решение за проблемот.
Тој признава дека групата „живее по свои правила“ и дека нема „свест за правда/неправда“, но силно верува во својата идеја па планира да формира и „воркшопови“ за комуникација меѓу жителите и проблемџиите.
Истовремено, советникот е згрозен од идејата на некои негови сограѓани, на луѓето кои се дојдени да прават проблеми да им се каже раус и да им се направи ла коруња депортиво, односно да бидат вратени таму од кадешто дошле.