Најмалку 5.747 деца во САД биле подложени на операции за промена на полот во САД од 2019 до 2023 година, покажуваат податоците од осигурување добиени од групата „Do No Harm“.
Податоците се потпираат на барања од осигурување и затоа не ги вклучуваат операциите платени од џеб и оние извршени во институции кои не пријавуваат штети, што значи дека распространетоста на ваквите операции е значително поголема.
Но, и вака се открива огромна индустрија и се поткопуваат тврдењата на транс- активистите дека таквите операции за малолетници се исклучително ретки.
Опфатените операции вклучуваат мастектомија, конструкција на гради, операции на лицето и на гениталиите.
Само две држави, Алјаска и Вајоминг, немале осигурителни барања за педијатриски операции во тој период, но и во овие држави има малолетни пациенти кои примаат блокатори на пубертет или вкрстена полови хормони како и секоја друга сојузна држава во САД. Хот-спот е Калифорнија со најмалку 1.359 операции а по неколку стотина операции се прават и во конзервативните Тексас и Флорида.
Ројтерс ја започна оваа приказна пред две години но новите податоци од Do No Harm откриваат дека индустријата е поголема отколку што се мислеше и брзо расте и покрај ограничувањата во некои држави. Пријавените операции донеле над 108 милиони долари а хормонските терапи и блокаторите чинеле повеќе од 11 милиони долари иако тоа е многу резервиирана проценка, со оглед на тоа што хормоните се релативно достапни и може лесно да се добијат без осигурување
Педијатриските медицински транзиции беа застапени од транс-активисти, како и од администрацијата на Бајден - понекогаш синхронизирано. Рејчел Левин, помошник секретар за здравство изврши притисок врз Светското професионално здружение за трансродово здравје да ги отстрани старосните ограничувања за медицински третмани. Повеќето големи медицински организации во САД официјално ги одобруваат овие процедури за малолетници, иако лекарите остануваат длабоко поделени околу ова прашање. Голем број пациенти кои почнале да се каат за процедури поврзани со родот на кои биле подложени во адолесценцијата, сега ги тужат своите даватели на услуги.
Федерални ограничувања за детски медицински транзиции нема, но 24 држави имаат закони кои ги ограничуваат процедурите.