Од работење на стоечки бироа има проширени вени и никаков ќар

Бироата за стоење не го намалуваат ризиокот од мозчен удар или срцеви проблеми, и без разлика дали седите или стоите долг период обавезно во текот на денот треба да имате редовно раздвижување.

Стоечките бироа не компензираат за неактивноста, па дури и може да го влошат здравјето и да го зголемат ризикот од добивање проширени вени или згрутчување на крвта.

Истражувањето вклучува 80.000 возрасни од Британија, и според него стоење повеќе од 2 часа на ден всушност прераснува во здравствен проблем.

„Главната поента е дека стоење премногу долго не надоместува за инаку седечкиот животен стил и би можело да биде ризично за луѓето во однос на циркулаторниот систем. Откривме дека повеќе стоење не го подобрува кардиоваскуларното здравје и го зголемува ризикот од проблеми со циркулацијата,“ пишуваат авторите на истражувањето од Универзитетот во Сиднеј.

Во нивното истражување, секои 30 минути минати во стоење над границата од 2 часа, ги зголемиле шансите за проблеми со циркулацијата за 11%, а во исто време не било забележано намалување на опасноста од срцев напад или заболувања.

Препораката на истражувачите е дека спасот од здравствени проблеми треба да се бара во движење и вежбање.

21 октомври 2024 - 12:38