Суд во Швајцарија - каде времето е пари, особено за компаниите кои ги произведуваат прочуените швајцарски часовници - пресуди дека еден од таквите производители бил во право кога на работниците им одредил дека ако им треба време за во веце, слободно да го земат, ама од своето, не од компаниското.
За ова јави јавниот бродкастер информирајќи дека регионалниот суд во западен Нојшател пресудил дека производителот на часовници Jean Singer & Cie SA бил во рамките на своите права кога барал од вработените да се отчукаат од работа кога одат во веце а после пак да се пријават дека се на работа.
Претходно, трудови инспектори побараа од компанијата да ја прекине таквата практика, тврдејќи дека така се крши федералниот закон за труд кој ги штити личните потреби на работниците и дека на овој начин тие може „да се стискаат или да не хидрираат“ што би можело да доведе до сериозни физиолошки нарушувања. Но, педантниот суд откри дека постои дупка во законот која компанијата ја искористила и мораше да застане на нејзина страна.
Во својата одлука, судот напиша дека „швајцарскиот закон не го споменува правото на вработените да одат во тоалет, иако тоа е основна физиолошка потреба“.