Речиси сè што правиме, од испраќање пораки до нашите пријатели до шетање низ нашиот дом, може да храни со податоци некој сервер или алгоритам без наше знаење. Најбрзо растечката област на технолошкиот пазар пред пандемијата беа паметните звучници - оние уреди како што е Алекса на Амазон, што ги инсталираме во нашите домови за да ги слуша нашите барања, да ни пушта музика или да одговора тоа што ќе прашаме; како беспрекорни лични слуги.
Тоа некои ги наведе да зборуваат за „Дигитална Атина“. Како тогашните нејзини граѓани, ќе бидеме ослободени од трудот благодарејќи на нашите нови робови на вештачката интелигенција и така слободни ќе можеме да се вклучуваме во политички и филозофски дебати.
Да, нашите куќи се полни со слуги, но за кого навистина работат? Тие ги слушаат нашите команди но нивната вистинска лојалност е кон други господари.
Технологијата, исто така, сè повеќе доминира со нашето време и внимание. Леснотијата со која одиме онаму каде што водат алгоритмите, сите нас нè става сите нас на совозачкото седиште на нашите сопствени животи.
Човечкото расудување, одговорност и иницијатива сè повеќе се предаваат на автоматизирани системи. Дури и системите да се дизајнирани за наше добро, предавањето на контролата го нагризува она што значи да се биде возрасен, граѓанин, личност.
Следејќи ги алгоритмите и навикнувајќи се да живееме така, ние полека почнуваме да очекуваме целиот свет и сиот живот да се однесува на ист начин - прилагоден и персонализиран според нашите потреби.
Во старите времиња, само многу богатите добиваа производи и услуги по лична нарачка. Денес тоа го добиваат сите. Само што, далеку се од богати.
„Љубопитна за тврдењата дека системите нè познаваат подобро отколку што се познаваме самите себе и дека алгоритмите можат да ги мапираат нашите личности и да го предвидат нашето однесување, му дадов на Психометрискиот центар на Универзитетот во Кембриџ пристап до мојата Икс сметка, за да може да ме профилира од моите твитови. Според анализата на мојата активност на социјалните медиуми, јас сум помалку педанта, понекогаш непријатна и позитивно интровертна. Но, според истата анализа, јас исто така сум маж (не сум) на возраст од околу 30 (не сум), што помага да се објаснат рекламите што ги добивам за часовници и производи за нега на брада“, пишува Томандра Харкнес.
Имаат уште за да нè научат подобро од нас. Ама па, што друго им е работа?