Веста ја објавува порталот Инфромејшн наведувајќи повеќе луѓе „директно вклучени“ во производство на компоненти за уредот, според кои намалувањето на производството започнало уште на почетокот од летово.
Ова е знак дека Епл сега на залиха има доволно делови за Вижн про уреди за да ги исполни очекуваните идни нарачки за него.
Претходно во повеќе наврати беше објавувано дека има мала побарувачка за уредот како последица на недоволно содржини за него и високата цена.
Според друг извор, Епл неодамна побарал од Луксшер, кинеската компанија која ги составува очилата, во ноември да го намали производството.
Мекруморс пишува дека Епл во исто време целосно ја прекинал работата на втората генерација Вижн про уред на најмалку една година, за да се фокусира на развивање на поевтина верзија.