Рускиот лидер во Казан ќе биде придружен од лидерот на најголемата демократија на светот, индискиот претседател Нарендра Моди, најголемиот поддржувач на Русија, кинескиот претседател Ши Џинпинг, лидерот на една од најголемите членки на НАТО, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и првиот човек на Обединетите нации, генералниот секретар Антонио Гутереш.
Плус таму ќе бидат лидерите на Иран, Египет, Емиратите и Јужна Африка, додека бразилскиот претседател ја откажа посетата заради повреда на главата, но ќе присуствува преку видео линк.
На самитот се очекува Русија да се обиде да го истурка проектот за де-доларизација, откажување од доларот во меѓународните плаќања и укинување на доларот како алтернативна валута. Ова дури и Кинезите го сметаат за премногу амбициозен план.
Претпоставката е дека на овој самит нема да се случи проширувањето на бројот на членови кое беше договорено на минатогодишниот самит во Јужна Африка.
Моментално и Индија е против проширување и бара воведување на „БРИКС земји партнери“ без право на гласање, „затоа што сака да спречи групата да не стане анти-американско тело доминирано од Кина и Русија.“ Индија за ова има поддршка и од Бразил и од Јужна Африка.
Математиките се дека на деветте членки на БРИКС отпаѓаат 26% од светската економија и 45% од светската популација, наспроти 44-те проценти од светскиот БДП што го контролира Г-7 со 10% од популацијата.