"Центарот за борба против дигиталната омраза“ е сојузник на Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер и гласноговорник на неолибералниот тинк-тенк на лабуристите, Labour Together. И двата се основани од Морган МекСвини, сива еминенција заслужна за подемот на Стармер до Даунинг стрит.
Обелоденетите документи имаат особено значење затоа што политичките оперативци на МекСвини ги подучуваа на изборна стратегија Камала Харис и Тим Волц, дотаму што Политико ги нарече Лабуристите и Демократите „сестрински партии“.
Во последните два месеца, Вашингтон Пост и Политико објавија серија вести за британските советници кои ја спасуваат двојката Харис/Валц. Политико го смета МекСвини за „изборниот мозок“ кој прв му помогна на Кир Стармер да го победи левичарот Џереми Корбин да стане шеф на лабуристите, сè до „убедливата“ победа на Стармер над конзервативците за да стане премиер минатиот јули, што имплицира дека МекСвини и неговиот тим може да направи слично чудо и за Харис.
Сосема јасниот приоритет „Да се убие Твитер на Маск“ дотичниот ја разбра и им објави војна и на Центарот на Лабуристите и на нивните донатори, потсетувајќи дека токму ова е она фамозно „мешање во изборите“ кое со години требаше да му се припише на наводните врски на Трамп со Русија.
Од своја страна, британскиот премиер лаконски одговори дека луѓето од неговиот круг оделе да ги советуваат американските демократи „во свое слободно време“.
* целиот текст на Пол Такер и Мат Таиби е овде