Французин стави 45 милиони долари кладба дека Трамп ќе тепа

Непознато лице кое е идентификувано само како француски државјанин преку неколку сметки ставил 45 милиони долари на сајтот за кладење Полимаркет, дека Доналд Трамп ќе биде следниот претседател на САД.

Полимаркет спровел истрага околу поголемите кладби што се ставаат на Трамп и открива дека неколку од сметките кои заедно потрошиле милиони долари, се од еден ист човек, кој инаку се клади и на други републикански кандидати на изборите на 5 ноември.

Истрагата беше спроведена заради сомневања дека парите се ставени со цел штелување на шансите за победа во корист на Трамп, бидејќи Полимаркет е масовно користен и цитиран систем за предвидување и следење на најразлични трендови.

„Врз основа на истрагата ние откривме дека овој поединец зазема насочена позиција базирана на негови лични гледишта на изборите.

Дополнително, нашата истрага до сега не идентификува каква било информација која ќе покаже дека овој корисник го манипулирал, или се обидел да го манипулира, пазарот. Корисникот се согласи да не отвора дополнително сметки без најава,“ изјавил портпаролот на Полимаркет.

Моментално, на Полимаркет, Трамп има 61,6% шанси дека ќе победи, на конкурентскиот сервис Калши, шансите на Трамп се на 59%, а на Предиктит на 57%.

25 октомври 2024 - 14:15