
Италија потпиша декрет за депортација на Зулфиќар Кан, 54 годишен имам со седиште во Болоња. Пакистанец е кој во Италија има легално влезено уште во 1995 година. Дозволата за престој му е отповикана.
Во административната белешка за неговото протерување од Италија, се наведува дека уште од 2023 година, однесувањето и проповедите на Кан застраниле во екстремен фанатизам.
Неговата реторика била радикално анти-семитска, анти-западна, анти-жени, хомофобна, промовирала говор на омраза и поттикнувала на насилство врз не-муслиманите.
За време на една џума тој од присутните во џамијата барал да не плаќаат даноци и тие пари да ги насочуваат само кон муслиманската заедница.
Проповедал дека муслиманите имаат право и должност да се борат за да спречат катастрофални последици а во последно време бил фокусиран на „дрвја и камења“ по Евреите и Израел, молејќи се Алах да ги казни сите држави кои го поддржуваат Израел.
Во неколку наврати, Кан ги има предизвикано одлуките на италијанските државни органи, тврдејќи дека италијанскиот устав му гарантира заштита да може да каже што сака и дека неговите зборови се водени од Алах.
За ова второво не сме сигурни, а за првото, ете гледате.