Страва е апликација за следење на фитнес активности која масовно и глобално се користи од оние кои пешачат, трчаат или возат велосипед, за да ги снимаат своите активности и да ги споделат своите достигнувања и успеси во онлајн заедницата.
Ама, ја користат и телохранители од тајните служби задолжени за безбедноста на големите и најголемите светски лидери. На листата „откриени“ се Бајден, Трамп, Харис, Путин, Макрон...
Преку Страва, новинарите на Монд ги следеле движењата на телохранителите на Макрон за да утврдат дека францускиот лидер пред некоја година поминал викенд во приморското одморалиште Онфлер во Нормандија. Патувањето требало да биде приватно и не било наведено во официјалната агенда на францускиот претседател.
На сличен начин била откриена локацијата на хотелот во Сан Франциско каде Бајден во неколку наврати престојувал во Сан Франциско на тешкашки разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг во 2023 година. Неколку часа пред да пристигнел Бајден, негов телохранител редовно џогирал околу хотелот.
Новинарите на весникот идентификувале 26 американски агенти, 12 членови на службата на францускиот претседател шест членови на руската федерална служба за заштита, сите задолжени за безбедноста на Путин.
Американската тајна служба објаснила дека додека се на должност, агентите не смеат да користат лични електронски уреди но тоа им се дозволува кога не се на смена и дека можеби тоа прашање дополнително треба да се регулира.