Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Дипломат во подзнак дилер

Иако звучи сомнително веста доаѓа од јужнокорејски весник Чосун Илбо кој важи за најточниот извор на вести од Северот, а според нив, Северна Кореја им наредила на своите дипломати низ светот да почнат да продаваат дрога.

Како пивото ни даде цивилизација

Токму инстинктите кои нè одржале како вид и кои на почетокот ни помогнале да се одвоиме од останатите животни, се истите кои по некое време почнале да го гушат нашиот напредок. Тогаш ни требало нешто што ќе го скрши постојниот код и ќе ни помогне да напредуваме. Ни требало пиво.

И Англичаните знаат да прават бизнис како Балканци

Продажбата на Олимпискиот стадион во Лондон заврши со триумфален успех, кога успех би го дефинирале како продажба на стадион од 500 милиони фунти, за 15 милиони фунти и бонус, помош од владата од 60 милиони фунти.

Уште од мали сме ѓубриња

Причината зошто 3-годишно дете не ги дели играчките со други, не е дека не знае како, туку затоа што така му се сака.

Полесно до мобилен отколку до веце

Шест од вкупно седум милијарди луѓе колку што не држи планетава имаат мобилен телефон. Ама затоа, пристап до веце имаат неколку милијарди луѓе помалку.

Кои се "најбесните" згради во светот

А+ се првите годишни награди на Architizer онлајн базата за архитектура. Во изборот има 52 категории од Најдобар споменик до Најдобра бизнис повеќекатница.

Новите 25 снимки што ќе се чуваат засекогаш

Конгресната библиотека одбра нови 25 парчиња аудио кои ќе ги додаде во својот индекс за да ги сочува за вечност (или најдолго што може). Меѓу нив многу џез ама и Пинк Флојд и Рамонс и Сајмон и Гарфанкел.

Што ако бракот беше со рок на траење?

Идејата одамна функционира во некои од светските култури и религии, меѓутоа главна пречка за нејзино воведување во остатокот од светот е што целата работа ја имаме решено далеку подобро.

Колку си одвратен на Твитер?

На седмиот роденден Твитер има над 200 милиони корисници, кои создаваат над 500 милиони твитови на ден. Во целото ова време и на толку народ, почнуваат да се создаваат лоши навики кои некако сосема природно си дојдоа, од самите луѓе.

Живот во лер

Каде е најголемата скопска сообраќајна тромбоза во шпиц? Рампа кај Кисела, Судска палата? Лондонскиот еквивалент е Џамејка роуд.

Ми се чита, ми се плаче

Денешните книги содржат 14 проценти помалку емотивна содржина отколку оние што се пишувале на почетокот на минатиот век. Ама затоа се побогати со параноја.

Шеќерот, а не мастите, е виновен за дебелината

Создава зависност и штетен е како дрога, и треба по итно да се забрани во сите форми ако човештвото планира да стави крај на епидемијата на дебелеење.

Уста полна амбиција

Затоа што четката за заби е премногу меинстрим, двајца Канаѓани измислија начин како да миеш заби со јазик.

Кој ќе го пази новиот Папа?

Од однесувањето на новиот Папа воодушевени се верниците кои добија Понтиф што е непосреден и што сака да биде во нивна близна. На сосема другата страна се луѓето од неговото обезбедување кои треба насекаде да го бркаат човекот.

Во кои медиуми одат парите

2012-та била мерак за он-лајн медиумите, кои имаат најголем раст на приходи од реклами во споредба со кој било друг медиум. За печатените медиуми и 2012-та била пекол.

Дозволете ѝ на колата да ви отвори душа

Во САД од 1996-та а во ЕУ од 2004-та, автомобилите задолжително мора да имаат ОБД (On-Board Diagnostics) порта. Е, има и апликација за смартфон.

Што ќе се случи ако снема кислород на 5 секунди?

Да де, кој не може да издржи 5 секунди. Во меѓувреме – ова.

Некој ќе најде сад, некој никад

Бела чинија купена на оние гаражни аукции за цена од три долари, деновиве е продадена преку Сотби за 2,2 милиони долари. Па мамата мамина!

Зошто никој не може да разликува добро од лошо вино

Веста се однесува за оние што мислат дека можат да разликуваат арома, нијанси и ноти во виното. Оние што се задоволни со основната поделба на бело и црвено, можат да продолжат да уживаат.

САД се уште плаќаат боречки пензии за Граѓанската војна

Асошиејтед прес ги разгледуваше владините документи за тоа колку пари се исплаќаат за бенефиции на учесниците во војните на САД. Меѓу нив, се уште има луѓе кои добиваат пари за конфликтот кој заврши пред 148 години.

Порното не би го издржал ни НФЛ играч

За време на снимањето порно актерките минуваат низ физички напор и болка што не би го поднел ни играч од НФЛ, објаснува девојката која знае што зборува - Аурора Сноу.

Го знаете вицот за Господ и честичката?

Човекот кој Хигсовиот бозон го нарече "божја честичка" објаснува дека се работело за шала за која мислел дека никогаш нема да пројде.

Наука на празен стомак

Доаѓаш со хуманитарна помош во некое прегладнето африканско село и околу тебе се сјатуваат гладни деца. Како ја делиш помошта, на сите по малку, додека има? Грешка, вели науката која решила да се занима со вакво бизарно прашање.

Во Америка е вистината

Соединетите Американски држави го преземаа приматот во светскиот вински бизнис од Италија и Франција.