Американците станаа најголеми пијачи на вино сркајќи 13 проценти од целокупното светско производство на оваа пијачка.
За една година домашното производство се зголемило за 2 процента а жедта ја гасат главно вина од Аргентина по што следуваат оние од Чиле и Австралија. Следен голем играч се очекува да стане Нoв Зеланд кој во последно време засади огромни површини лозје, особено за правење совињон бланк.
Истовремено, во традиционалните европски татковини како што е Франција и Италија, опаѓа консумацијата на вино па главната битка за пласман се води на брутално компетитивниот американски пазар.
Во 70-тите години на минатиот век, во САД имало околу 400 винарии. Денес ги има преку 7.000 и тоа не само на стандардните локации како Напа во Калифорнија туку и во Тексас, Охајо, Хаваи па и Аљаска.