
Изумот наречен T2T (Tongue To Teeth) е гумена, рапава наметка за јазикот која фабрички е прекриена со паста за заби и е за едно користење. Упатството за користење сосема ви е јасно.
Инвенторите се двајца 26 годишни момци кои на идејата дошле додека се враќале од работа.
Сега двајцата се обидуваат да соберат 100.000 долари за да почнат со производство на нивниот изум. Доколку најдат инвеститори, тие се надеваат да почнат со производство во текот на годината.