
ОБД портот служи за олеснување на работата на овластениот механичар да го дијагностицира и среди проблемот на автомобилот.
Паметните луѓе се сетиле на паметните телефони па направиле апликација која ќе овозможи директна комуникација меѓу колата и нејзиниот сопственик.
Ако има проблем, сопственикот прв ќе го дознае со помош на нотификација. Таа доаѓа со код на дијагнозата па може да му се сврти на механичарот и да каже дали е нешто сериозно.
Апликацијата е поврзана и со локалните шлеп служби на кои со ГПС координати им ја кажува точната положба на автомобилот. А може да испрати и СМС апел до тројца луѓе кои сами ќе ги одберете да ви се најдат ако некаде заглавите.
Истовремено, апликацијаа кажува и податоци за кочењето и забрзувањето кои можат да помогнат да се подобри возењето и здравјето на колата. Сето тоа поврзано со локалната цена на горивото за да знаете кога и колку трошите.
Во моментов се примаат нарачки за апликацијата која чини 70 долари.