Дипломат во подзнак дилер

Иако звучи сомнително веста доаѓа од јужнокорејски весник Чосун Илбо кој важи за најточниот извор на вести од Северот, а според нив, Северна Кореја им наредила на своите дипломати низ светот да почнат да продаваат дрога.

Во прашање се дипломати во повеќе богати држави, кои од земјата неодамна биле испратени со по 20 килограми дрога, која требало да ја продадат во странство (на парче) и од неа да заработат најмалку 300.000 долари.

Иако не се знае точно која дрога е во прашање (се претпоставува мет), познато е дека парите треба да бидат собрани и вратени во Северна Кореја пред роденденот на Ким Ил Сунг на 15-ти април.

Според веста, секоја амбасада би можела да ангажира до 10 дипломати како дилери на дрога, што би донело потенцијална заработка од 3 милиони долари од амбасада.

Ако е вистина, сето ова би било само продолжение на постојната пракса на Северна Кореја за продажба на дрога (наменски произведена од државните компании) во Кина.

Веќе е познато дека додека целата земја живее во апсолутна сиромаштија, Пјонгјанг успеа да создаде паралелна мини-економија која се грижи за потребите на Ким Јонг Ун и неговите најблиски соработници. За ова е воспоставена и канцеларијата наречена "Соба 39" која ги менаџира парите од извори како извоз на дрога (до сега во Кина продаваат само мет) или измами на странски бизниси. Потоа со овие средства тајно се увезуваат висококвалитетна храна и пијалоци за државниот врв.

22 март 2013 - 22:03