Живот во лер

Каде е најголемата скопска сообраќајна тромбоза во шпиц? Рампа кај Кисела, Судска палата? Лондонскиот еквивалент е Џамејка роуд.

Автомобилот служи за побрзо да те пренесе од една до друга точка но проблемот настанува кога кога многу луѓе истовремено ќе помислат дека само тие се сетиле на тоа.

Човекот е единственото градско суштество кое може да се чувствува супериорно и кога се движи со брзина од 128 метри на час. Токму со таа брзина се движат луѓето во автомобили на Џамејка роуд, во источен Лондон, во најголемиот шпиц меѓу 8 и 9 часот.

ПОсреќни се оние кои во ударните сообраќајни термини ја добираат рутата B221 во Клепем чии автомобили шишкаат со 0,2 километри на час.

Надвор од Лондон, најзакрчена улица има Манчестер, Оксофорд го има двапати а Бирмингем 6 пати во топ 20.

 

 

21 март 2013 - 15:23