Заклучокот се однесува на книгите печатени во Велика Британија и е базиран на анализа на зачестеноста на зборови кои означуваат расположение.
Гнев, згрозеност, страв, радост, тага и изненадување се зборови кои се употребени во 5 милиони островски книги меѓу 1900 и 2000-та.
Во новиов век се користат 14 проценти помалку. Ако во книга некогаш имало 1.000 вакви "емотивни" зборови, денеска ги има 877.
"Денес човек се плаши дека ќе заврши исмеан ако покаже емоција," претпоставуваат истражувачите толкувајќи ги ваквите наоди.
Зборот "радост" својот врв во британската литература го достигнува два пати – по Втората Светска Војна и во 60-тите години. "Тагата" доминира во книжевноста пишувана за време на војната.
Забележано е дека британската и американската книжевност во овој аспект почнуваат да се разделуваат во 60-тите години, кога американската литература станува поемотивна, веројатно како резултат на оптимизмот од бејби-бумот.
Што се однесува до анксиозноста и паранојата, тие денес во книгите се за 12 проценти поприсутни отколку во 60-тите години.