Иако веќе нема ниту еден жив учесник од војната, американската влада се уште на двајца потомци на ветерани од граѓанската војна им исплаќа бенефиции во износ од 876 долари годишно.
Се знае дека едниот е роден во Тенеси а другиот во Северна Каролина, и се претпоставува дека првиот е роден околу 1920-та а вториот околу 1930-та. Она што е малку компликувано околу целата работа е што ветеран кој уште на млади години учествувал во Граѓанската војна, би имал 70 или 80 години кога овие двајца се родиле.
Освен овие, има и десет приматели на бенефиции поврзани со Шпанско-Американската војна од 1898-ма, на кои државата им исплаќа околу 50.000 долари годишно.
За Првата светска војна, САД плаќа бенефиции во износ од 20 милиони долари, додека за Втората светска војна сумата е 5 милијарди долари годишно.
Војната во Кореја чини 2,8 милијарди долари, за бенефиции поврзани со војната во Виетнам се трошат 22 милијарди долари, додека за двете војни во Ирак и војната во Авганистан се плаќаат по 12 милијарди долари годишно. Овие трошоци се очекува сериозно да се зголемат во идните децении.
Вкупната сума што САД ја плаќаат по оваа основа изнесува над 40 милијарди долари.