Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Фондација отворена бесмртност

На американски професор му се доделени 5 милиони долари да ја истражува бесмртноста. Никакви сеанси со покојници, никакво бркање духови – човекот е филозоф.

Бубачките можат да го решат светскиот глад, ако ни е до тоа

На светот има многу гладни луѓе. Во исто време на планетава на секој жив човек има по 40 тони инсекти. Еден нов документарец на БиБиСи мисли дека овие две работи треба да се поврзат.

Се што треба да знаете за банкарската криза во Кипар

Како човек со пари во банка во недела си легнуваш раат дека парите ти се на место, стануваш во понеделник и на секои 16 долари што ги имаш во банка, 1 долар ти го снемува, а ако си побогат ова може да биде 1 на секои 10 долари.

Како Твитер за малку немаше да постои

Во четврток е седмиот роденден на Твитер, еве неколку работи на оваа тема заради кои е прилично чудно што платформата воопшто го дочекала првиот роденден и која улога ја има денес.

Човекот што скри електрана во стадион

Тојо Ито е Јапонецот кој по долги години правење на проѕирни и светли згради и куќи во Јапонија ја освои годинешната Прицкерова награда за архитектура (највисокото признание во архитектурата), за стадион во Тајван.

Кој до каде може без пари?

Речиси 70 студенти од Даблин се поделиле во групи и учествувале во трката кој до каде може да стигне за ден и пол, без пара во џеб. Чудо е до каде сè дофрлиле.

Детето на планетата

Феникс Финкбајнер од Германија на оваа планета престојува само 14 години. Пред 5 години си помисли една од оние детски блесави желби, да ја спасува Земјата. Поконкретно, да насади еден милион дрвја. И знаете што, оваа желба веќе ја исполнил пред две години.

Џабе зајде јасно сонце

Што се случуваше меѓу саботата вечер и неделата сабајле? Ништо посебно нели, падна мрак па кој во пижами, кој на шанк. А баш во тоа време милијарда тони сончеви дрангулии ја нападнале северната хемисфера на нашата планета.

 

Мека 2020-та

Властите во Саудиска Арабија започнаа со проширување на џамијата Масџид ал-Харам (главната џамија во Мека) со цел да го зголемат нејзиниот капацитет. Единствен проблем е што за проектот треба да демонтираат некои од најстарите делови на најважната џамија во Исламот.

Како изгледа кога интернетот помага

На 13-ти март, украинската новинарка Олена Данко пишува краток текст на својата Фејсбук страна во кој раскажува за средбата со една старица во супермаркет, која имала доволно пари за да купи 1 компир. Веднаш по ова "украинскиот интернет" се крева на бунт (без многу ќар за старицата).

Don't you Franjo me

Некако не ни прави мерак што овдешната верзија на името на новиот Папа е Фрањо. Фрањо бе! Па ние уште Туѓман го памтиме (како кога жена ти ќе предложи некое име за бебето а ти знаеш некој убер кретен од маало со исто име). Што фали на Френсис или Франциско? Додека не успееме да пробиеме една од нашиве варијанти, да видиме како сè наоколу го викаат новиот поглавар на римокатоличката црква.

Мориконе разузданиот

Легендарниот автор на филмска музика Енио Мориконе се зарече дека никогаш повеќе нема да работи со Квентин Тарантино. Ја ставал музиката "без кохерентност".

Млекомат

Најосновно целата идеја може да се опише како кафемат за млеко. Му ставате пари и шише, а он ви сипа свежо млеко (без афлатоксин). Сето ова функционира и тоа добро и тоа на Балкан.

Уште 14 луѓе "излечени" од ХИВ

Две недели по откритието дека едно бебе е излечено од ХИВ, стигаат извештаи за првите успешни третмани и кај возрасни. Клучно кај сите случаи е (лекот и) раното почнување на третманот.

Големи гради и агресивни мажи

Агресивноста кон жените е многу поверојатна кај мажите кои идеализираат големи гради, тврдат двајца научници од Британија.

Тајниот стриптиз клуб на њујоршките банкари

Чисто процедурално, клубот беше таен се додека Њујорк пост не објави голема сторија за него. Инаку стварно постои, стварно е за банкари од Вол Стрит и треба да имаш фино однесување за да те примат во него.

Чавез ургирал кај Исус за изборот на Папата?

Тоа што јужно-американец станал поглавар на Католичката црква е директна заслуга на Чавез и неговото влијание врз Исус, порачал неговиот (привремен) наследник Николас Мадуро.

Троловите плаќаат со менталното здравје

Дерењето на интернет ве прави само потажни и погневни, па ако не заради нас, тогаш барем заради себе би било убаво да престанете.

Туристи, добро дојдосте

Она што скопјани го зборат за охриѓани веројатно нема стигнато до Светскиот економски форум, кој во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи.

Човекот што го сруши Мит Ромни

Некаде сред претседателските избори во САД, додека Ромни уште изгледаше како "големата надеж" за Републиканската партија и додека уште се лакташе со Обама со ситна разлика на анкетите, се појави видеото за 47-те проценти, и ова комплетно му ја здроби кампањата. До сега никој немаше поим кој го снимил видеото.

Кој е новиот папа?

Кардиналот Хорхе Бергољио до скоро на работа се возел со автобус, ја заменил официјалната резиденција со скромен стан и самиот си готвел. Сепак, тој изгледа не е реформаторот кој многумина го очекуваа.

Работниот ден на кинески хакер

Стануваш во 7, работиш до 17:30 или повеќе, се враќаш назад во соба, јадеш инстант нудли, гледаш епизода на "Prison Break," си легнуваш. Утре повторно.

Востаникот Робин Худ

Иако генералниот консензус е дека Робин Худ се базира на еден познат крадец од 13-от век, дел од историчарите сега веруваат дека оригиналот е многу поверојатно дека бил востаник.

Што е маж без мобилен

На прашањето "што е првото нешто што луѓето забележуваат кај тебе" 61% од мажите одговориле - мобилниот. Автомобилот, часовникот и облеката ги делат останатите 39%.