Човекот што скри електрана во стадион

Тојо Ито е Јапонецот кој по долги години правење на проѕирни и светли згради и куќи во Јапонија ја освои годинешната Прицкерова награда за архитектура (највисокото признание во архитектурата), за стадион во Тајван.

Стадионот во Каосиунг, во 2009-та беше домаќин на Светските Игри, на изглед комплетно се разликува од кој било друг стадион на светот, меѓутоа неговото "тајно оружје" е прекривката од соларни панели, со што тој стана првиот стадион на светот кој најголемиот дел од енергијата ја добива од сонцето. Ито за 22.000 метри квадратни покрив, искористи вкупно 8.844 соларни панели.

"Најголемиот број на стадионите имаат јасен центар, она што јас се обидов да го направам е динамичен простор кој се отвора кон надвор. Јас исто така сакава да ги зближам седиштата и теренот. Бидејќи местото е јавен парк кој граѓаните можат слободно да го користат, јас посебно внимание посветив на создавање на чувство на заедништво со паркот," објаснува Ито.

Панелите обезбедуваат околу 80% од енергијата која му е потребна на стадионот за време на натпреварите, со што годишно се намалуваат околу 660 тони јаглерод-диоксид. Кога нема натпревари, стадионот служи како генератор на електрична енергија, и според локалните властите тој може да продаде електрична енергија во вредност од околу 150.000 долари годишно на тамошната електрана.

Други дела на Ито:

 

18 март 2013 - 15:57